ЦЕЛОСНА ПОНУДА

КАПАДОКИЈА
Авион / 5 дена / 4 ноќевања
20.Октомври – 24.Октомври
Кападокија
   
Ден 1 – недела, 20.10.2019
   СКОПЈЕ– КАЈСЕРИ
Состанок на групатата на аеродром Скопје во 09:40 часот. Лет за Истанбул во 11:40 часот (PC352). Слетување во Истанбул 14:10 .Полетување за Кајсери во 16:45 (PC2738) слетувањето е во 18:10 часот. Oрганизиран трансфер од аеродром до Хотел. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 2 – понеделник, 21.10.2019
   
Појадок. По појадокот разглед на Кападокија еден прекрасен пејзаж на долина Devrent , каде што може да се видат различни видови карпести формации . Ќе ги видите извонредните примероци на карпи кои наликуваат на печурки во Pasabag и долината Zelve , градот Аванос ( познат по грнчарски работилници). Ручек во посебен локален ресторан во овој мал град . По ручекот нашата следна станица е Goreme - музеј на отворено каде што ќе уживате во фантастичните цркви во камен и убави фрески стари многу векови, украсување на ѕидовите на црквите. Ја продолжуваме прошетката до Uchisar Roсk Castle , која е највисоката и најдоминантна точка кој ќе ви го одземе здивот пред панорамата која ја гледате како и посета на Esentepe Windy Hill со убав панорамски поглед и можност за фотографирање. Разгледот завршува во 18:30 часот. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 3 – вторник, 22.10.2019
   
Појадок. Посета на Three Sisters Fairy Chimneys во Ургуп кои се едни од најпосетените. Потоа ќе се упатиме кон Pigeons Valley, која е од големо значење за луѓето од Кападокија и затоа луѓето вдлабнувале куќички за гулабите за да ги чуваат на посебно место кои наликуваат на куќички за луѓето. Потоа се спуштаме во центарот на Kaymakli Underground City еден од најголемите и најдлабоките од 200 останати во Кападокија. Продолжуваме до познатата Ihlara Valley (Grand Caynon), познатата долина (големиот кањон) кој е оформен од вулкански материјал, наречен базалт. Неговите ѕидови достигнуваат висина до 150 метри, кои биле користени од Христијаните за да го избегнат Римскиот прогон. Пешачење по кањонот 3 км. Попатно ќе ја посетиме Црквата, која е изградена во 10 век и е наречена „Agacalti Church“ (црква изградена од дрво). На крајот на прошетката, следува ручек во “Belisirma“, во близина на реката „Melendiz“. По ручекот, наша следна станица е манастирот Selime. Ова е најголемиот манастир во регионот, кој датира уште од 6-от век. Манастирот е врежан во огромна карпа. Вашиот водич, ќе ви спомене за монашкиот живот во Кападокија. Турата завршува во 18:00 часот. Трансфер во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 4 – среда, 23.10.2019
   
Факултативно летање со балони - патување насекаде од 2 до 15 милји во зависност од брзината на ветерот и упатствата со кои се соочуваме да летаме на разни надморски височини. За време на летот пилотот ќе ја менува височината на балоните од највисокото ниво на дрвјата, висина која овозможува да се допре и да се комуницира со природата, до височини од неколку илјади стапки, каде што може да се внимава во визуелниот метеж и да се види поголем дел од Кападокија . Без оглед на надморската височина, летот нуди навистина уникатно летачко искуство. Турата почнува приближно еден час пред изгрејсонцето, лесен појадок со чај, кафе и колачиња. По безбедносниот брифинг пилотот, кој ги објаснува основните правила за летовите со балони, се качуваме во кошниците и тогаш започнува најважниот дел од патувањето во Кападокија. За време на летот се издигаме на надморска височина од неколку стотини метри за да се создаде добар поглед на сето она што постои наоколу, но она што го правиме најчесто е движење низ долините и кањоните и оџаците со изглед како од бајките, вршејќи контурно летање. Овој вид на лет со балони е овозможен единствено во Кападокија. Вистинското време на летот е помеѓу 45 и 60 минути. При слетување, имa традиционална прослава со шампањ и колачиња и на секој патник се доделува сертификат за летање, на кој се впишани имињата на патниците. Враќање во хотел. Целата екскурзија трае околу 3 часа.
По летот со балони се продолжува на нов излет.
За оние патници кои нема да одат на факултативно летање со балони, денот започнува со следниот излет:
Појадок. По појадокот посета на Mustafapasa (старо грчко село) низ недопрените села во Кападокија опкружени со т.н. "table - top" карпести планини со изглед на маса и со прекрасна грчка и турска архитектура. Продолжуваме до следната станица, манастирот Кeslik, една од најголемите монашки области во Кападокија, со неколку цркви вдлабени во карпите. Го посетуваме античкиот град Sobesos во селото Sahinefendi. Потоа го посетуваме заборавеното село Guzeloz кое располага со многуте негови византиски периоди и тумби во кои ќе уживаме низ прошетката преку истражување на Арменискиот стил на црквите и манастирските рушевини. Потоа продолживаме до The Soganli Valley позната како долина на куклите, прошетка по долината каде што ќе може да видите цркви кои датираат од 12 и 14 век изградени во ерменски стил. Ја завршуваме обиколката со посета на фабриката за вино Turasan во Ургуп каде што може да се дегустираат светски познатите вина од Кападокија. Трансфер до хотелот . Вечера. Ноќевање.
Ден 5 – четврток, 24.10.2019
   КАЈСЕРИ - СКОПЈЕ
Трансфер до аеродромот во Кајсери. Лет за Истанбул во 05:55 часот (PC2743), Пристигнување во 07:15 часот. Лет од Истанбул до Скопје во 10:25 (PC351) и пристигнување во 11:05 часот.
 
ЦЕНА за уплата до 30.09 399 € (24.740 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 455 € (28.210 ден.)
 
Во цената се вклучени следниве услуги:
• Авиобилет на релација Скопје-Кајсери-Скопје
• Чекиран багаж до 20Кг
• 4 полупансиони во хотел 4**** во Кападокија
• Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
• Организиран излет на долината Дервент, ден 2 (трансфер, водич, влезница и ручек)
• Организиран излет до Kaymakli Underground City + Ihlara Valley (Grand Caynon), ден 3 (трансфер, водич, влезница и ручек)
• Организиран излет до Mustafapasa и околните села, ден 4 (трансфер, водич)
Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Аеродромски такси 150 евра
• Летање со балон над Кападокија, ден 3 –166 евра по лице
• Здравствено и патничко осигурување
Напомени:
• Цената се однесува по лице за пакет аранжман за сместување во двокреветна соба
• За реализација на факултативното летање со балони потребен е минимум од 15 патници, доколку не се реализира потребниот минимум во тој случај се реализира индивидуален излет.
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Атлас Корпорејшн
 

Галерија

Kapadokija Kapadokija Kapadokija Kapadokija