s

ИЗРАЕЛ

2018
8 дена
16.11.2018 – 23.11.2018
Израел

   
1.Ден: 16.11 (Петок)
   
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:45. Лет за Тел Авив преку Истанбул со Pegasus. Во 16:45 полетување кон Истанбул со лет бр. PC352, слетување во Истанбул 20:10, полетување од Истанбул 23:05 (PC 776), слетување во Тел Авив 00:10 (локални времиња). Трансфер до хотелот во Ерусалим. Сместување. Вечера. Ноќевање.
2.Ден: 17.11 (Сабота)
   ЕРУСАЛИМ
По појадокот, разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “Куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на Света Литургија.
Посета на Манастирот на Светиот Крст, Прастар грузиски манастир - местото каде според легендата расте тројно дрво, од кое покасно е направен крстот за распетието.
Посета на Еин Карем - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на Манастири. Еден од нив е Францисканскиот Манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован Крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во Cветата вода. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3.Ден: 18.11 (Недела)
   ЕРУСАЛИМ
По појадокот, Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица.

Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според Христијаните. Поделен е на четири дела: христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар.
Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување. Од таму доаѓаме до Храмот на Распетието, каде што се случил најважниот момент од христијанската историја - Воскресението на Спасителот.
Посета на Гробот Христов, Голготата, и каменот на Помазанието.
Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и Манастирот на Успението, Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован Kрстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, Западниот зид. Вечера и ноќевање.
4.Ден: 19.11 (Понеделник)
   ТИБЕРИАС
Појадок и заминување од хотел.
Посета на Вади келт, Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихо најстариот град на планетата и планината на искушувањето. Светата река Јордан. Посета на Mont Tavor - светото место на Светото Преображение.
Вечера и ноќевање.
5. Ден: 20.11 (Вторник)
   АКРА
По појадокот посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наследство.Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие. Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус. Тоа е место за аџилак за Христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население.
Посета на Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата.
Посета на езерото Кинарет, кое од дамнешни времиња било сведок на големи драми. Езерото изобилува со риба која може да се дегустира во бројните ресторани на неговиот брег.
Посета на Capernaum - наречен од апостолите како “неговиот град”, посета на синагогата која восхитува со својата импресивна големина со коринтски столбови и белиот ерусалимски камен. Посета на планината на Блажествата, ТАБХА, МАГДАЛА. ЈОРДАНИТИ...
Вечера и ноќевање .
6.Ден: 21.11 (Среда)
   НЕТАНЈА
Посета на Акра- темпларскиот град или познат како градот на првите витези Хоспиталери.
Враќање во хотел во Акра. Вечера и ноќевање.
7.Ден: 22.11 (Четврток)
   НЕТАНЈА
Појадок. Посета на Хаифа, Стела Марис и старата Јафа кој во стари времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард - лавовско срце и Наполеон.
Посета на старото пристаниште, црквата на Свети Петар и фонтаната на Андромеда. Вечера и ноќевање.
8.Ден: 23.11 (Петок)
   
Заминување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Истанбул со лет PC780 во 07:20, слетување во Истанбул 10:35. Полетување од Истанбул лет PC 351 во 16:30 слетување во Скопје во 16:05 (локални времиња)
 
Цена на аранжманот 869 €
Доплата за еднокреветна соба 280 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација Скопје-Тел Aвив-Скопје
  • Организиран трансфер од Аеродром – Хотел - Аеродром
  • Сместување хотел на база појадок и вечера
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Вклучен чекиран багаж до 23 kg
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Аеродромски такси 156 ЕУР
  • Бакшиш за водичот и возачот
  • Факултативни разгледи и влезници во знаменитостите, и резервација на Табор - 50 $ по лице
  • Туристичка такса 4 евра на ден/ по лице (се плаќа во хотелот)
  • Патничко – здравствено осигурување 300 денари

Галерија

izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael