ИСТАНБУЛ

Октомври 2018
Автобус / 5 дена / 2 ноќевања
10.10.2018 – 14.10.2018
Истанбул
Истанбул, градот што ги поврзува континентите... Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа на историско - културно наследство и висок стремеж кон иднината и кон современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес, тој е огромна метропола што поврзува континенти, култури, религии и е дом на 11 милиони луѓе.
   
1 ден (10 октомври, среда)
   Скопје – Истанбул
Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ во 16.00 часот. Тргнување во 16.30 часот. Се патува преку Грција (граничен премин Богородица – Евзони) со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (11 октомври, четврток)
   Истанбул
Пристигнувањето во Истанбул е предвидено во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот „Пера Палас“ (во којшто Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем пашината џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија. Попладневно (факултативно) крстарење по Босфор: панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот, пловење под мостовите Фатих и Босфор кои ги поврзуваат Европа и Азија, можност за посета на „Сафир Сеир Тераса“, највисоката тераса во Европа, од каде има прекрасна панорамсла глетка кон градот, како и можност со 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, мостот Галата, Девојачката кула. Сместување во хотел. Предлагаме, попладневна прошетка на азискиот дел на Истанбул: Ускудар, Берлејбеј, се поминува низ подводниот тунел Мармарис кој е 60 метри под нивото на водите на Босфор (13,5 км. за 4 минути), прекрасно место за да се напиете кафе, или да пробате вкусна риба во некој од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост – симболот на Истанбул. Ноќна панорама на градот. Ноќевање.
3 ден (12 октомври, петок)
   Византиски и султански Истанбул
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија, со 6 минариња. Прошетка по главниот, историски плоѓтад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, познатата Аја Софија, изградена во времето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а сега во музеј отворен за сите посетители. Прошетка низ просториите на султанот, Сулејман Величенствениот и стариот султанов дворец, Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните опкружена со море од сите страни, каде може да се посети и, со векови забранетата сона – султановиот харем. Подземната цистерна Јеребатан Сарај, 14 метри под нивото на земјата со површина од 9.800 м2. Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4.000 продавници за злато, сребро, кожа, ткаенини. Факултативна, вечера во национален ресторан со традиционална уметничка програма, ориентални танци и мени од турската кујна, за незаборавно доживување. Ноќевање.
4 ден (13 октомври, сабота)
   Истанбул – Босфор – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последна резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на Миниатурк парк со површина од 60.000 м2. каде се претставени кад 200 модели од Османлисиот период во Турција. Посета на шопинг центарот Форум, каде се наоѓа големиот аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден (14 октомври, недела)
   Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
 
Цена на аранжманот 85 € / 5.270 мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со туристички автобус
• Сместување во хотел Истанбул и хотел Гранд Мадрид на база 2 ноќевања со појадок
• Разглед на Истанбул со стручен локален водич
• Организација на аранжманот со пратител – придружник на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Посета на:
• Сафир Сејир Тераса, со 4Д проекција 20 евра
• Азискиот дел Ускудар – Белербеј со подводниот тунел 10 евра
• Долма Бахче Сарај (водич и влезница) 25 евра
• Влезница за Аја Софија 15 евра, за Топ Капи 15 евра
• Јеребатан Сарај (потонатата палата) 10 евра
• Крстарење со брод по Босфор 15 евра
• Вечера во национален ресторан 30 евра
• Миниатурк парк 10 евра
Напомени:
• За реализација на аранжманмот е потребен иминум од 40 патници
• Важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

 

Галерија

istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul