ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА

ТЕХЕРАН-КАШАН-ИСФАХАН-ЈАЗД-ШИРАЗ-ТЕХЕРАН
Авион 12 дена / 10 ноќевања
Tермин: 22.10-02.11.2017
Иран - Персиска Империја
   
1 ден. 22.10.2017
   ТЕХЕРАН
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 12:15 часот. Слетување во 18:15 во Доха. Полетување од Доха во 00:45 часот. Слетување во Техеран во 03:15 часот.
2 ден. 23.10.2017
   ТЕХЕРАН
Слетување во Техеран во 03:15 часот. Пречек од страна на нашите партнери и трансфер кон хотелот со автобус. Техеран е најголемиот и главен град на Иран со повеќе од 14 милиони жители. Со тоа претставува најголем град во Западна Азија. Панорамски разглед на Техеран, посета на националниот музеј на Иран и на Golestan Place. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 ден. 24.10.2017
   ТЕХЕРАН
Појадок. По појадокот посета на Saad Abad Palace и Tajrish Bazar. Слободно време за иднивидуални активности. Вечера. По вечерата посета на највисоката кула во Иран Milad Tower, 435 метри. Ноќевање.
4 ден. 25.10.2017
   ТЕХЕРАН - ШИРАЗ
Појадок. По појадокот заминување за Шираз со авион. По пристигнувањето, посета на Narenjestan garden и Розевата џамија, цитаделата на Карим Кан која се протега на површина од 12.800 м2 и претставува палата во која живееле неколку кралеви од династијата Занд. Исто така ќе се посети џамијата Вакил, бањата и пазарот во Шираз. Во вечерните часови посета на Hafezieh гробницата на познатиот поет Tomb of Havez. Вечера. Ноќевање.
5 ден. 26.10.2017
   ШИРАЗ - ПЕРСЕПОЛИС - ШИРАЗ
Појадок По појадокот полудневен разглед на античкиот град Персеполис, еден од најзначајните светски археолошки локалитети заштитени од УНЕСКО. Градот датира од 515 г.п.н.е. и во него можат да се сретнат одлично зачуваните колонади, цитадела, пространи улици и Портата на Нациите, изградена од страна на Императорот Ксеркс , посветена на сите народи кои живееле во рамките на Персиската Империја. Посета на камените гробници на кралевите кои датираат од 1000 г.п.н.е, на Накш-е-Раџаб и Накш-е-Рустам. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
6 ден. 27.10.2017
   ШИРАЗ - ЈАЗД
Појадок. По појадокот заминување за Јазд каде што ќе има можност да се види Зороастрискиот Огнен храм, кулите на тишината и Dolat Abat. Сместување во Хотел. Вечера. Ноќевање.
7 ден. 28.10.2017
   ЈАЗД - ИСФАХАН
Појадок. По појадокот заминување за Исфахан. По сместувањето во хотелот, посеа на Чехал Сотун палатата, што ја изградил Шах Абас II за забави и приеми. Оваа палата која во буквален превод значи "Четириесет столбови" е опкружена со паркови и градини. Целиот комплекс е ставен на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Оваа прошетка завршува со посета на Ерменската Катедрала Ванк. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата, можност за посета на двата познати мостови Си – о – Сех и Кхаџу. Ноќевање
8 ден. 29.10.2017
   ИСФАХАН
Појадок. По појадокот целодневен престој во Исфахан. Разгледот на овој прекрасен град, во кој се наоѓа еден од најголемите плоштади во светот Хагш-е-Џахан ( “плоштадот на сликите на светот”) исто така познат како плоштад Имам. Сместен е во стариот дел од градот. Бил изграден помеѓу 1598 и 1629 година. Од 1979 година е под заштита на УНЕСКО. Во овој дел ќе имате можност да ги видите Аали Капу палатата, Шеик Лотфолах џамијата и Царскиот базар еден од најстарите и најголемите на Блискиот Исток. Вечера. По вечерата посета на Soffeh Heights, вракање во хотел. Ноќевање.
9 ден. 30.10.2017
   ИСФАХАН
Појадок. По појадокот целодневен престој во Исфахан. Посета на Монар Џонбан светилиште изградено во 14 век и познато по “Tресечките минариња”, Палатата Хашт Бехешт. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и истражување на овој прекрасен град познат како најромантичниот град во Иран. Вечера. Ноќевање.
10 ден. 31.10.2017
   ИСФАХАН - ТЕХЕРАН
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Техеран. Посета на бања Тabatabai house исто така ке имате можност да ја видите градината Фин, заштитена од УНЕСКО, која датира од 16 век и е типичен пример за персиска градина, полна со уникатно зеленило и пространи водени површини. По пристигнувањето во Техеран, посета на Azadi Tower симболот на Техеран. Сместување во Хотел. Вечера .Ноќевање.
11 ден. 01.11.2017
   ТЕХЕРАН
По појадокот посета на Филмскиот музеј, Музичкиот музеј и Иранската градина. Слободно време за иднивидуални прошетки и активности како и истражување на главниот град на Иран. Вечера. Ноќевање.
12 ден. 02.11.2017
   ТЕХЕРАН
По појадокот одјавување од хотелот и трансфер кон аеродромот во Техеран. Лет кон доха 22:40 часот. Пристигнување во Доха 00:15 часот. Лет од Доха во 07:00 часот. Пристигнување во Скопје во 10:40 часот.
 
Термин 22.10-.02.11.2017
Промо цена: 1770 € / 20.08.2017
Ран Букинг: 1860 € / 20.09.2017
Регуларна цена: 1940 €

ЦЕНАТА Е КАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 20 ПАТНИЦИ

Промо Цената важи за пријавување до 08.08.2017. По тој датум важи цената за Ран букинг до 29.08.2017. По тој датум важи регуларна цена
 
Цената на аранжманот вклучува:
• Повратен авио Билет: Скопје-Истанбул-Техеран-Истанбул-Скопје
• Авионски такси
• Авио лет локален – Техеран – Шираз
• 10 Ноќевање во Хотели со 4* со појадок и вечера (во национални ресторани)
• Локални трансфери, трансфери измеѓу градови според планот и програмата.
• Влезници во културно иториските споменици спомнати во програмата
• Туристички водич на сите локалитети
• Туристички придружник за време на целото патување
• Комплетна организација и водење
• Патничко осигурување (до 64 години)
Цената на аранжманот не вклучува:
• Индивидуални екскурзии и дополнителни иднивидуални барања
• Иранска ВИЗА – 30 €
• Доплата за 1/1 соба
• Виза за Катар 25 $
• Бакшиш за водич и возач
• Користење на некој од услигуте на аеродромот во Доха доплата
 
НАПОМЕНА:
Организатор на ова патување е Камелија Турс
За резервација потребен е аванс од 50% од вклупниот износ на аранжман
Доплата на целосна уплата е 10 дена пред започнување на патувањето
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Доколку не се оствари минималниот број на патници oд 17,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето,и промена на лет према или време на полетување.
Иран - Персиска Империја