ЛЕТО ВО ГЛИФАДА

Атика, Грција
Грција - Глифада

   
01. ден
   СКОПЈЕ - АТИКА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 18.30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
02. ден
   АТИНА - ГЛИФАДА (Атика)
Пристигнување во Атина, во утринските часови. По пристигнувањето, краток одмор до панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, мастото Аеропаг, новиот Акрополски музеј и старата четврт Плака. Во пладневните часови заминување кон Глифада – едно од најпознатите и најголеми летувалишта на полуостровот Атика. Смествање во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
од 03. до 08.ден
   ГЛИФАДА
Денови за одмор покрај песочната плажа на Глифада со престој во хотелот на база полупансион (појадок и вечера). Можност за дополнителни активности и прошетки. Комуникација со локалните претставници на агенцијата, за користење на евентуални факултативни излети и посети во регионот на Атика, Пелопонез или островите во Сароничкиот залив.
09.ден
   АТИКА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10.00 часот. Слободно време до заминување од Глифада во попладневните часови, според планираното време од програмата. Дневно и ноќно возење кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
 
Hotel Galaxy ***
термини на поаѓање 31.јул 07.авг
термини на сместување 01.08-08.08 08.08-15.08
цена по лице 7 ПП 7 ПП
   сместување и превоз 319 319
само сместување 249 249


- Термините објавени во табелата се однесуваат на деновите на поаѓање на групите и на деновите на нивниот влез во хотелот.
- Цените се однесуваат на пакет аранжман со автобуски превоз или со сопствен превоз, по лице, за сместување во двокреветна соба на база седум полупансиони (појадок и вечера).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1€ = 62MKD).
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Панорамски разглед на Атина
  • Сместување во хотел GALAXY *** на Глифада, на база 7 полупансиони
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Доплата за трето лице (без превоз) 169 € за возрасен / 125 € за дете до 12 години
  • Доплата за автобуски превоз 70 € за возрасен / 50 € за дете до 12 години
  • Факултативни излети и посети за време на летувањето
  • Влезници за музеи и културно-историски споменици
  • Туристичко патничко осигурување
Напомени:
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ и Атлас Корпорејшн

 

Галерија

Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada Glifada