Лето 2018 - Грција - ЛЕФКАДА - Апартмани

Нашето најголемо “јонско откритие”, веќе неколку години се осликува во островот Лефкада. Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното. Градот Лефкас кој иако не е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средозамјето. Јонскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за “екстремен” сурфинг со падобран на северниот дел од островото, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Неговиот најпознат туристички бисер е градчето Нидри.
Villa Thomas Нидри
7 или 9 RO

од 88€

Повеќе
Villa Spiros Нидри
7 или 9 RO

Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центар на Нидри.

од 90€

Повеќе
Villa Rigas Нидри
7 или 9 RO

RIGAS Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри.

од 69€

Повеќе
Villa Margarita Агиос НИкитас
7 или 9 RO

MARGARITI Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас.

од 88€

Повеќе
Villa Argiro Агиос НИкитас
7 или 9 RO

Argiro Apartments е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата наша вила во Агиос Никитас.

од 96€

Повеќе
Filoxenia Никијана
7 или 9 ноќевања

од 69€

Повеќе
Pension Holidays Василики
7 или 9 ноќевања

од 69€

Повеќе