ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Грција Хотели - Препорака

Грција Хотели - Останато

Грција Апартмани

Коста Брава - Лето 2017

Хрватска - Лето 2017

Малта - Лето 2017

Анталија - Лето 2017

Мај аранжмани

Концерти

City Break

Wellness & SPA

Егзотични патувања

Авантуристички тури

Едукативен Туризам

Шопинг тури

Крстарења

Хотели Online Грција

Хотели Online

Рент-а-кар Online

Авионски билети

VISIT MACEDONIA

NEWSLETTER

Лето 2017 - Грција - ЈОНСКИ БРЕГ - Апартмани

Како еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во герданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот паза, Јонскиот брег со својата неицрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука е секако незаменливата и монденска Парга. Но сепак и покрај тоа, оваа сезона сосема оправдано, кон неа ќе ја додадеме и блиската Сивота. Пред се’ сакајќи да го зголемиме вашиот избор, а притоа воедно и да ја истакнеме природната убавина, на овој по многу што единствен морски регион.

Парга се наоѓа на Јонското море, во областа Епир, на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување. За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Сивота се наоѓа на само дваесетина километри патување од познатото пристаниште Игуменица, по локалниот пат покрај јонскиот брег, до споменатата Парга. Можеби токму близината на овие познати градови, на Сивота и додаваат само дополнително значење, во сета нејзина посебност како единствено место кое има свој сопствен архипелаг од островчиња. Природно заштитена од страната на копното, со повеќе ридови и планински масив, таа се отвара кон морето со сета своја разиграност, на мноштвото заливи, полуострови и острови со кои природно располага. Како амбиентот, така и годините, на Сивота и овозможиле да се најде на низата туристички карти, кои ги поседуваат само вистинските вљубеници во морето и неговите тајни богатства. Нејзината марина, ограничениот но квалитетен капацитет за сместување, несекојдневните вонпансионските понуди, како и богатството од мирни и интимни плажи… со време и овозможиле да ја изгради својата посебност, за сите оние кои токму тоа и го бараат од одморот. Место за бегање од секојдневните грижи, во боемска атмосфера на опуштеност и монденски начин кон посакуваното задоволство.

VILLA MATHIAS - ПАРГА

7 или 9 ноќевања и превоз,
или наем

од 189€
Повеќе
Villa Julia - СИВОТА

Apartments Julia е сосема сигурно еден од најубавите објекти за сместување во Сивота. Нејзината локација која е во близина на …

од 116€
Повеќе
Villa Bellos - ПАРГА

Сместувањето во Parga, кај најголемиот број туристи е ориентирано кон локалните објекти за сместување кои располагаат со …

од 97€
Повеќе
Villa Mathina - ПАРГА

Сместувањето во Parga, кај најголемиот број туристи е ориентирано кон локалните објекти за сместување кои располагаат со …

од 107€
Повеќе
VILLA LONG SUMMER - СИВОТА

За Sivota може да се каже, дека претставува една од ретките а сеуште ненарушени природни убавини на Грција. Како мало село …

од 149€
Повеќе
VILLA VELISSARIOS - ВРАХОС

Едно од најпопуларните летувалишта на јонскиот брег, кое во последните години доживува вистинска експанзија на …

од 93€
Повеќе
VILLA PHILOXENIA - ВРАХОС

Едно од најпопуларните летувалишта на јонскиот брег, кое во последните години доживува вистинска експанзија на …

од 107€
Повеќе