Лето 2017 - Грција - ТАСОС - Апартмани

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во неговите познати летувалишта, Лименариа или Пефкари е навистина само недоумица, која воопшто нема да ви дозволи да згрешите.
Finikas Studios - Golden Beach

7 ноќевања

од 69€
Повеќе
VILLA NOULAS - Потос

7 или 9 ноќевања и превоз,
или наем

од 178€
Повеќе
Olga & Christina Studios - СКАЛА ПОТАМИА

Вила Olga Cristina се наоѓа во најпознатото место на Тасос, Скала Потамиа...

од 159€
Повеќе
Villa Sotira - ЛИМЕНАРИА

Limenaria е втор по големина град на островот Тасос. Позната и како најголемо туристичко место на јужниот дел на островото, таа …

од 93€
Повеќе
VILLA ROULA - ЛИМЕНАРИА

Limenaria е втор по големина град на островот Тасос. Позната и како најголемо туристичко место на јужниот дел на островото, таа …

од 126€
Повеќе
VILLA THOMAS - ЛИМЕНАРИА

Limenaria е втор по големина град на островот Тасос. Позната и како најголемо туристичко место на јужниот дел на островото, таа …

од 93€
Повеќе