ЦЕЛОСНА ПОНУДА

НОВА 2020 ГОДИНА ВО ДУБРОВНИК СО ПАРНИ ВАЉАК

Автобус 4 дена / 2 ноќевања
ДУБРОВНИК
Дубровник – познат како бисер на Јадранот, еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Преубава околина, голем број на хотели и магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година.
   
 1 Ден. 29.12.2019
   СКОПЈЕ – ТИРАНА – БУДВА – КОТОР - ДУБРОВНИК
Состанок на групата во договореното време. Поаѓање кон Албанија преку граничниот премин Ќафасан. По извршувањето на царинските формалности, патувањето продолжува кон Елбасан, Тирана се до Будва. Патување со попатни паузи.
 2 Ден. 30.12.2019
   БУДВА – ДУБРОВНИК
Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и можност да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот и еден од најпознатите туристички центри. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживање во глетката на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор –
Дубровачкиот Музеј и многу други споменици. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 Ден. 31.12.2019
   ДУБРОВНИК - МЕЃУГОРЈЕ - МОСТАР
Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минато и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Вечера. ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 година со Парни Ваљак. Ноќевање.
4 Ден. 01.01.2020
   ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив, кој е во светската листа за 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Скадар, Тирана и Елбасан до граничниот премин Ќафасан. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ 129 € / 7.999 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139 € / 8,620 ден
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • Сместување во хотел со 3+ *** на база два полупансиони (шведски маса)
  • Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител – водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар - 25 €
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патничко осигурување
Напомени:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши во денарска противвредност 1€=62,00
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А."АТЛАС КОРПОРЕЈШН" - СКОПЈЕ и СКТМ.

Галерија

dubrovnik dubrovnik dubrovnik dubrovnik