КОСТА БРАВА - Шпанија

Лето 2017
Авион / 7 или 10 ноќевања

Коста Брава – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок.
Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија.

РЕД НА ЛЕТАЊЕ ЗА КОСТА БРАВА – ЛЕТО 2017
Скопје – Барцелона Барцелона – Скопје
Датум ДЕН лет Полетува Слетува ноќевања Датум ДЕН  лет Полетува Слетува
16.06.2017 петок W6 7737 17:45 20:40 7 23.06.2017 петок W6 7738 21.15 23:55
23.06.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 10 03.07.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
03.07.2017 понеделник W6 7737 17:45  20:40 7 10.07.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
10.07.2017 понеделник W6 7737 17:45  20:40 7 17.07.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
21.07.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 10 31.07.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
28.07.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 7 04.08.2017 петок W6 7738 21:15 23:55
31.07.2017 понеделник W6 7737 17:45  20:40 7 07.08.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
07.08.2017 понеделник W6 7737 17:45  20:40 7 14.08.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
11.08.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 7 18.08.2017 петок W6 7738 21:15 23:55
18.08.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 10 28.08.2017 понеделник W6 7738 21:15 23:55
25.08.2017 петок  W6 7737 17:45  20:40 7 01.09.2017 петок W6 7738 21:15 23:55
01.09.2017 петок W6 7737 17:45  20:40 7 08.09.2017 петок W6 7738 21:15 23:55
Untitled Document

 

 

КОСТА БРАВА – ЛЕТО 2017    СПЕЦИЈАЛНИ ЦЕНИ  БР. 1
валидни за резервации до 05.06
ХОТЕЛ КАТЕГ. УСЛУГА ЛОКАЦИЈА 10.јул 28.јул 31.јул 07.авг 11.авг 18.авг
 БРОЈ НА НОЌЕВАЊА  7  7  7  7 10 
MONT ROSA 3* 3 * * * HB Calella 539 545 545 545 545 669
H TOP OLYMPIC 3* 3 * * * FB+ Calella 499 595 595 595 595 665
H TOP PLANAMAR 3* 3 * * * FB+ Malgrat De Mar 499 595 595 595 595 665
H TOP SUMMER SUN (ex Sant Jordi)    3 * * * FB+ Santa Susanna 505 609 609 609 609 665
H TOP GRAN CASINO ROYAL 3* 3 * * * FB+ Lloret De Mar 499 595 595 595 595 665
H TOP ALEXIS 3* 3 * * * FB+ Lloret De Mar 499 595 595 595 595 665
H TOP CARTAGO NOVA 3* 3 * * *  FB+ Malgrat De Mar 515 615 625 625 625 699
GRAN HOTEL FLAMINGO 4* 4 * * * * HB Lloret De Mar 599 605 619 635 635 675
H TOP ROYAL SUN 4* 4 * * * * FB+ Santa Susanna 605 685 685 685 685 805
H TOP CALETA PALACE 4* 4* * * * FB+ Platja D’Aro 649 735 745 745 745 849
MARIA DEL MAR 4*   4 * * * * FB Lloret De Mar 555 569 655 655 655 695
H TOP CALELLA PALACE 4* 4 * * * * FB+ Calella 599 665 665 665 665 765
H TOP PLATJA PARK 4* 4* * * * FB+ Platja D”Aro 629 709 709 709 709 809
H TOP ROYAL SUN SUITE 4* 4 * * * * FB+ Santa Susanna 565 645 645 645 645 745
H TOP ROYAL STAR 4* 4 * * * * FB+ Lloret De Mar 565 645 645 645 645 745
H TOP PINEDA PALACE 4* 4 * * * * FB+ Pineda 649 729 737 737 737 845
H TOP ROYAL BEACH 4* 4 * * * * FB+ Lloret De Mar 565 645 645 645 645 745
H TOP AMAIKA 4* 4 * * * * FB+ Calella 605 685 685 685 685 805
TROPIC PARK 4* 4 * * * * HB Malgrat De Mar 589 649 684 649 649 779
DELAMAR 4* 4 * * * * HB Lloret De Mar 749 779 809 815 815 1009
AQUA HOTEL AQUAMARINA & SPA 4* 4 * * * * HB Santa Susanna 645 905 709 715 715 855
MERCURY 4* S 4 * * * * S HB Santa Susanna 669 715 719 715 685 739
AQUA HOTEL ONABRAVA 4*sup 4 * * * * + HB Santa Susanna 665 725 745 749 749 899

 

RO -   Само ноќевање
BB -   Ноќевање со појадок
HB -   Пола Пансион ( Ноќевање, појадок и вечера )
FB -   Полн пансион ( Ноќевање, појадок, ручек и вечера )
FB+ – Проширен Полн пансион ( Ноќевање, појадок, ручек, вечера, вода и вино со оброците )
AI –    Се вклучено                                                                


Програма на патување

КОСТА БРАВА (авион)
Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница. 
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.

01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА - 
КОСТА БРАВА 
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 07/10. ден  КОСТА БРАВА
Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.

08./11.  ден КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.

Забелешки

Цените се изразени во ЕВРА, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
7/10 ноќевања на база Ноќевање со појадок,Полу пансион(појадок,вечера) Полн Пансион (појадок, ручек, вечера со вклучена вода и/или вино за време на оброците)
Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче чекиран багаж (до 23кг) и 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25) по лице
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
Патничко здравствено осигурување
Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел
* За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
- Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување.- Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.