БУКУРЕШТ

Есен 2018
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
28.11 - 01.12.2018
Букурешт
   
Ден 1. - 28.11. (четврток)
   
Поаѓање од Скопје во 06.00 часот од спортска сала “Борис Трајковски”, во правец на Букурешт, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Посета на Русе пограничен град на Дунав, град со убава архитектура. Пристигнување во Букурешт во вечерните часови, сместување во хотел Рамада Мажестик Букурешт.
http://ramada-majestic.hotels-in-bucharest.com/en/
Ден 2. - 29.11. (петок)
   
Појадок. Во 15 часот одиме на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата е почетното место на нашата тура од кое се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ светот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хеликоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Виктори.
Продолжуваме по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниjа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции.
Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква - Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti. Се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Продолжуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. 15 минути слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Ноќевање
Ден 3. - 30.11. (сабота)
   
По појадокот целодневна ексурзија до градчето Синаjа со посета на замокот Пелеш.
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилванија и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил - грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал. Комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки, канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло, таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.
По разгледот на Пелеш продолжуваме кон замокот на грофот Дракула, замокот Бран, по посетата на замокот продолжуваме кон готскиот град Брашов, лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза / порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југоисточна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242год. Доколку времето дозволува, слободно време за прошетка. Враќање во Букурешт. Ноќевање
Ден 4. - 01. 12. (недела)
   
По појадокот заминување кон Скопје со попатна посета на Софија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 26.900,00 мкд
Доплата за еднокреветна соба 7.000,00 мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 3 ноќевања на база на полупансион во хотел Рамада Мажестик
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сите разгледи со вклучени влезници за замокот Бран и замокот Ришков
- Пратител на групата
- Локален водич за Букурешт

 

Галерија

bukurest bukurest bukurest bukurest bukurest bukurest bukurest bukurest