БАЛИ

Егзотични патувања
Нова Година 2019
Авион / 13 дена
28.12.2018 – 09.01.2019
Бали
Бали е инспирација, магичен остров прошаран со недопрени пејсажи, вулкани и бујни тропски шуми кои пружаат мир и неисцрпен извор на енергија. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на насмеаните мештани кои гордо ја слават својата култура и го негуваат идентитетот. Балинежаните се многу побожни и веруваат во ,,карма’’ - добро со добро се враќа и не го прави она на другите што не го сакаш за себе. Запознајте го народот чии деца учат три јазици: балежански, јазикот со свештените лица, јазикот со природата и животните.
Бали е дијамантот на Азија и тропски остров на насмеани луѓе кои ќе ги задоволат вашите барања, дали ќе сакате да се опуштите на белите песочни плажи под зелените палми и одмарате во звуците на брановите, или да ги почуствувате благодетите на аромите и спа терапиите, да го испразните вашиот ум со јога или да сурфате. Бали е остров кој целосно одолеал на модернизацијата и глобализацијата и на кој сеуште се живее по правилата кои со децении не се менуваат.
   
 1. ден (28.12)
   Скопје – Бали
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во договореното време. Лет за Денпасар со преседнување.
 2. ден (29.12)
   Бали
Пристигнување на Бали. Трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор и запознавање со островот. Ноќевање.
3 – 12. ден (30.12 – 08.01.)
   Бали (9 ноќевања)
Авантурата на Бали почнува на плажа, со балежанските специјалитети, егзотични комбинации на вкусови. Уживајте во идиличната атмосфера на мекиот златен песок и дочекајте го спектакуларното заоѓање на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционалните танцови, ритуали и легенди. Лутање по улиците на карактеристичните мали села, запознавање со мештаните и нивната култура.
Дочекајте ја Новата година во некој од многубројните клубови и ресторани во Кути и Легиана или на прекрасните плажи на Бали со звуците на брановите.
Како би го пополниле вашето време на Бали ви предлагаме да со нас ги посетите некои од следниве факултативни излети:
Југот на Бали – посета на плажите Pandawa, Padang Padang и храмот Uluwatu. Ќе ги посетиме плажите на југот на островот и предвечер ќе го посетиме храмот Uluwatu, познатиот хинду храм, каде можете на зајдисонце да го видите танцот Kecak – традиционален танц кој ја претставува борбата помеѓу доброто и злото. Се изведува и во амфитеатар со преку 100 танчери, многу импресивно, без музика, само со различни гласови и ритми.
Храмовите Gunung Kawi, Tirta Empul и Pura Besakih – комплекс од 22 храма. Најзначајниот хиндустички храм кој се наоѓа на највисоката планина и вулканот Agung. Балинежаните веруваат дека душите на нивните предци живеат тука. На враќање во хотелот ќе го посетиме селото Batubulan, познато по производството на Batika.
Ubud, Monkey Forest, Tegalalang оризови тераси – Ќе ги посетиме локалните плантажи на познатото кафе – за многу претставува најквалитетно кафе на свет. По пат продолжуваме кон Monkey Forest – шумата со преку 600 мајмуни кои слободно се движат насекаде околку вас. По завршувањето на разгледот одиме до оризовите тераси Tegalalang каде ќе се провлечеме низ нереалните, зелени оризови полиња и ќе направиме прекрасни фотографии. Денот го завршуваме во Ubudu – градот кој е познат по сликарството, уметничките атељеа, галерии, музеи.
Вулкан Batur – Патувањето трае околу 2 часа во еден правец на висина од околу 1700 м. По патот ќе видиме два кратера, од кои едниот е активен и ќе го видиме феноменалното изгрејсонце. По завршувањето на турата, се опуштаме на термалните извори Toya Devasya на самата обала на езерото Batur сместено во кратерот на некогашниот вулкан.
Tanah Lot и плажата Canggu и Seminyak – Посета на познатиот храм Tanah Lot, најзначајното обележје на Бали, храмот во море кој го покриваат брановите. По посетата на храмот, слободно време на плажите Canggu и Seminyak.
Плажи Nusa Dua и Jimbaran – Одиме на плажата Nusa Dua позната по белиот песок, луксузните хотели, голф терени. Идеална за одмор, капење и уживање на песокот. Навечер одиме на плажата Jimbaran, каде ќе уживаме во вечерата, морските плодови и заоѓањето на Сонцето.
Источен Бали – Ден предвиден за посета на источниот дел од островот. Ќе го посетиме Pura Lempuyang, храмот кој се наоѓа на ридчето во околината на највеќе планини и вулканот Agung. Уживаме во смирувачката тишина, ќе разговараме со монасите, ќе правиме фотографии и купуваме локални сувенири. Продолжуваме кон Tirta Gangga – водената палата каде ќе се освежиме капејќи се во базените наполнети со вода која се слива од блиските планини. На враќање према хотелот ќе поминеме низ традиционалното село Tenganan Bali Aga и ќе се запознаеме со животот и обичаите на локалните жители.
12. ден (08.01)
   Бали – Скопје
Го напуштаме сместувањето. Слободно време до поаѓање кон аеродромот. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје со преседнување.
13. ден (09.01.)
   Скопје
Пристигнување во Скопје
 
СМЕСТУВАЊЕ:

Fourteen Roses Legian hotel 3* или сл. – двокреветни соби. Секоја соба поседува сопствен тоалет. Во склоп на сместувањето достапен е бесплатен wifi интернет. Хотелот поседува базен, ресторан, wellnes центар и бар.


Harris Hotel 4* или сл. – хотелот се наоѓа во Seminyak. Собите се двокреветни и секоја соба поседува сопствен тоалет и клима уред. Во склоп на сместувањето се наоѓа базен, ресторан. На гостите им е достапен бесплатен wifi интернет.
 
Цена ХОТЕЛ 3* = 1.599 €
Цена ХОТЕЛ 4* = 1.699 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авио превоз (Скопје-Бали–Скопје) со сите такси вклучени во цената
  • Сите трансфери по програмата на патување
  • 10 ноќевања на Бали во одбраниот хотел (1/2 соби со сопствен тоалет)
  • Трошоците за организација на патувањето
  • Стручно водство на патувањето / придружник од агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Храна
  • Патничко осигурување

 

Галерија

Bali Bali Bali Bali