АМСТЕРДАМ

Март 2019
Авион 4 дена / 3 ноќевања
08.03.2019 – 11.03.2019
АМСТЕРДАМ
Амстердам - Градот на вода !!!
Амстердам, град со импресивна архитектура, град кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот - Венеција на Западна Европа. Центарот на Амстердам го краси плоштадот Дам на кој се наоѓа класицистичка кралска палата од 17 век - втората резиденција на кралското семејство, реформистичката Нова Црква од 15 век, и шопинг улицата Калверстрат. Државниот музеј - Ријкмузеј, Гратскиот музеј, музејот на Ванг Гог, Тропскиот музеј, музеј-куќата на Рембрант во некогашниот еврејски кварт, куќата на Ана Франк , “црвениот кварт” де Вален каде легално се продава канабис, карактеристичните амстердамските куќи околу каналите, многубројните цветни паркови... го прават Амстердам огледало на слободата и уметноста. Може да се каже, дека по своите карактеристики, Амстердам е вистински глобален град.
   
 08. Март (Петок)
   СКОПЈЕ - АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Ајндховен во 06:00 и слетување во 08:50 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам и сместување. Организиран панорамски разглед на Амстердам, стариот дел на градот, главниот Плоштад Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, Плоштадот Рембрант и Статуата на познатиот сликар, познатата улица Спигел, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт... Ноќевање.
 09. Март (Сабота)
   АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Тргнување на Големата Холандска Екскурзија, посета на Хаг и организиран панорамски разглед на административна престолнина на Холандија: Парламентот, Палатата на мирот, Кралската палата… Попатна посета на Шевенинген, модерниот град Ротердам познат по најголемото пристаниште во Европа и највисоката кула во Холандија – Евромаст, гратчето Делфт познато по производство на порцелан... Ноќевање.
 10. Март (Недела)
   АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Факултативна прошетка до традиционалното село “Zaanse Schans”, со посета на познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан и сирење... Патувањето продолжува до Волендам, рибарско гратче на езерото Еј, со многу рибни ресторани и прекрасна околина. Враќање во Амстердам во попладневните часови. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Амстердам, покрај мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.
 11. Март (Понеделник)
   АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетка низ градот, за љубителите на уметноста можност за посета на некој од музеите: Ријкс музејот, основан од братот на Наполеон (со делата на Рембрант и Вермер), Музејот Ван Гог со најголемата збирка на неговите дела, Куќата на Рембрант, Куќата на Ана Франк. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Полетување за Скопје во 18:10 и слетување во 20:50 часот.
 
За уплата до 31 Јануари 319 евра (19.800 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 349 евра (21.650 денари)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје – Ајндховен – Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
- Трансфер во Амстердам од аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во Хотел Xo Hotels Blue Square 4* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
(https://xohotels.com/hotel/xo-hotels-blue-square-amsterdam/)
- Организиран разглед на Амстердам
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Аеродромски такси 3.990 денари
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 900 денари
- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 2.300 денари
- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 4.000 денари
- Голема Холандска Екскурзија 75 евра
- Мала Холандска Екскурзија 55 евра
- Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра
- Туристичка такса 3 евра на ден
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко - здравствено осигурување 250 денари
Забелешки:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

 

Галерија

amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam amsterdam