Истанбул

Турција , Истанбул

Опис

ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ Св. ВАЛЕНТИН ВО  ИСТАНБУЛ

Истанбул  — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, распространет на два континенти – Истанбул, финансиски и културен центар во Турција и светот. Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римска Империја (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинска империја (1204-1261), и Отоманска Империја (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.


СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ  13.02.2020 Состанок на групата пред хотел Холидеј Ин во 15:30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патување преку граничниот премин Меџитлија. Патување со попатни одмори преку Солун, Кавала, Александрополис – Ипсала (Грчко-Турска граница).

ИСТАНБУЛ  14.02.2020 Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне за лични активности. Ноќевање. 

ИСТАНБУЛ  15.02.2020 Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори...факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 3000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др... Посета на национален ресторан.(факултативно). Ноќевање.

ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ  16.02.2020 Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 98

За УПЛАТА до 01.02.2020 цената е 69 €

4 дена 2 ноќевања


Факултативни посети: 

  • Аја Софиа Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки) - Цена 20 € 
  • Топкапи Палата Некогашната палата на султаните - Цена 20 € 
  • Аквариум „Туркуазу” - 15 € 
  • Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција - 15€  
  • 5.Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 € 
  • Долмабахче Турскиот Версај на султанит- Цена 25 € 
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 € Ценар: Emaar Square Mall Ценар: Watergarden Плоштад Таксим 
  • Турска вечер во национален ресторан - 25 € 
  • Пакет 2- 70€ (Намалување од 85€) Крстарење по Босфор Долмабахче Аквариум „Туркуазу“ Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden) 
  • ВИП пакет- Цена: 150€ (Намалување од 165€) Сите тури 

Опременост

Превоз

Автобус

Превоз

Типови на соби

Не е пронајдено сместување што одговара на вашето пребарување!

DBL STD

DBL STD BB

DBL STD BB

Возрасни
Деца
BB

Испратете барање за потврда на резервацијата

0 MKD


0 Ноќевања

Вкупна цена

 


Внесете возраст на детето/децата




 
 

+ Вклучен превоз


Услуга

 

Ноќевања

 


Во цената на аранжманот  Е  вклучено: 
  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата 
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Истанбул    
  • Разглед на Истанбул со професионален водич 
  • Посета и разглед на Сината Џамија 
  • Посета на Хиподромот 
  • Организација и водство на патувањето 
  • Пратител за цело време на патувањето од страна на агенцијата 
 
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:    
  • Патувачко осигурување  
  • Влезници за културно историските споменици 
  • Факултативни излети 
 
 
Напомена:   
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен. 
  • Односот на 1 € = 62,00 денари. 
  • Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до  дена пред поаѓање.  
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата 
  • За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Атлас Корпорејшн 


Пријавување на гости: 14:00 часот

Одјавување на гости: 09:00 часот