Рим

Италија , Рим

Опис

Сите патишта водат кон РИМ

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 
05. Март (Четврток)                                        СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Рим во 17:20 и слетување во 18:55 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Аурелијановите ѕидини, Каркалините терми, Циркус Максимус, Палатино, Константиновата Арка, Базиликата Св.Јован Латенарски, Диоклецијановите терми, Плоштадот на Републиката... Сместување во хотелот. Ноќевање.

06. Март (Петок)                                   РИМ            
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Пантеон... Прошетката продолжува со посета на Плоштадот на Народот, Шпанските скали познати како „дневна соба на градот" и Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за индивидуални прошетки во еден од главните градови на модата. Ноќевање.

07. Март (Сабота)                                ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладнавна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со „вистинско” италијанско кафе. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Транстевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

08. Март (Недела)                                           РИМ - ТИВОЛИ - СКОПЈЕ 
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 20:15 и слетување во 21:50 часот.

За уплата до 31 Јануари:    229 евра (14.200 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   279 евра (17.300 денари)

Опременост

Превоз

Авион

Превоз

Типови на соби

Не е пронајдено сместување што одговара на вашето пребарување!

DBL STD

DBL STD BB

DBL STD BB

Возрасни
Деца
BB

Испратете барање за потврда на резервацијата

0 MKD


0 Ноќевања

Вкупна цена

 


Внесете возраст на детето/децата




 
 

+ Вклучен превоз


Услуга

 

Ноќевања

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје 
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg) 
- Трансфер во Рим од аеродромот до хотелот и обратно 
- Сместување во Хотел 4* (www.raelihotel.it) во поширокиот центар на Рим на база 3 ноќевања со појадок  
- Организиран панорамски разглед на градот  
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето   
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Аеродромски такси - 3.700 денари  
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) - 1.700 денари 
- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) - 1.400 денари 
- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) - 2.200 денари 
- Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот) 
- Факултативни излети:  Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница - 50 евра 
- Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим - 15 евра 
- Факултативна вечера во ресторан 
- Влезници во музеите и културно историските споменици 
- Kарти за локален превоз (метро) 
- Патничко - здравствено осигурување 250 денари 
 
НАПОМЕНИ: 
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници 
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлас Корпорејшн
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето 


Пријавување на гости: 14:00 часот

Одјавување на гости: 09:00 часот