Карневал во Венеција

Италија , Венеција

Опис

Карневал во ВЕНЕЦИЈА 
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања 

23. Февруари (Недела)  СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 10:45 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 12:20 и слетување во 14:05 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање. 
 
24. Февруари (Понеделник)  МУРАНО - БУРАНО - ВЕНЕЦИЈА 
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна - Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога „маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Враќање во хотел во попладневните часови. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет... Ноќевање. 
 
25. Февруари (Вторник)  ВЕРОНА 
Појадок. Факултативна посета на Верона - позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање. 
 
26. Февруари (Среда)   ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 14:35 и слетување во 16:20 часот. 
 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 евра

Опременост

Превоз

Авион

Превоз

Типови на соби

Не е пронајдено сместување што одговара на вашето пребарување!

DBL STD

DBL STD BB

DBL STD BB

Возрасни
Деца
BB

Испратете барање за потврда на резервацијата

0 MKD


0 Ноќевања

Вкупна цена

 


Внесете возраст на детето/децата




 
 

+ Вклучен превоз


Услуга

 

Ноќевања

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација Скопје-Венеција (Тревизо)-Скопје 
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40 x 30 x 20 cm со максимум 10 кг)  
- Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно 
- Сместување во Хотел Plaza 4* (www.hotelplazavenice.com) во Местре на база 3 ноќевања со појадок  
- Разглед на Венеција  
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Аеродромски такси - 3.300 денари 
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) - 1.600 денари 
- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) - 1.400 денари 
- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) - 2.200 денари 
- Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција - 35 евра 
- Посета на Верона - 45 евра 
- Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција) 
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра) 
- Патничко - здравствено осигурување 250 денари 

 
НАПОМЕНИ:  
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлас Корпорејшн
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници 
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето 
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ 
 


Пријавување на гости: 14:00 часот

Одјавување на гости: 09:00 часот