ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Октомвриска понуда

Зима 2017/2018

Грција Хотели - Останато

Грција Апартмани

Анталија - Лето 2017

Концерти

City Break

Wellness & SPA

Егзотични патувања

Авантуристички тури

Едукативен Туризам

Шопинг тури

Крстарења

Хотели Online Грција

Хотели Online

Рент-а-кар Online

Авионски билети

VISIT MACEDONIA

NEWSLETTER

Качување на мраз

Качување на мраз
   
Турите за качување на мраз ги нудиме во најразлични варијанти, од еднодневни искачувања на кратки мразеви во Националниот Парк Маврово, поставени веднаш над пракингот за коли, се до вистински алпинистички искачувања на планина. Организираме качување на мраз во Македонија и надвор од земјата.

Турите за качување на мраз, независно дали станува збор за еднодневни и забавни искачувања блиску до автомобилот или пак за вистински алпинистички качувања, ги водат квалитетни и докажани алпинисти.

Покрај качување во домашните планини нудиме и тури надвор од Македонија. Во зимскиот период организираме качувања во Бугарија, Словенија и Австрија, како и искачувања во Алпите во текот на целата година.

Соодносот на ангажирани водичи и клиенти се движи од 1 : 1 до 1 : 2 за долгите качувања и 1 : 1 до 1 : 3 за качување во кратки насоки во мраз. За одредени тури во мраз, зависно од нивото на подготвеност на клиентите, задолжителна е претходна подготовка – обука од страна на нашите инструктори.

Нашите водичи се членови на меѓународната организација на професионални водичи во планина UIMLA – Union of International Mountain Leaders Associations со завршена обука според IML – International mountain leader стандардот, а обуката за качување и водење на карпа и на мраз ја имаат стекнато во Македонската Алпинистичка Федерација, за што поседуваат соодветни сертификати.

♦ Еднодневни искачувања на кратки мразеви по долината на реката Радика во Националниот Парк Маврово;
♦ Еднодневни искачувања на долги насоки во мраз во македонските планини;
♦ Викенд тури за обука и качување во мраз во домашните планини и во соседството;
♦ Повеќедневни тури за качување во мраз во Словенија и Австрија;
♦ Повеќедневни тури за искачување комбинирани насоки и мраз во Савојските Алпи над Шамони во Франција;
♦ Еднодневни и повеќедневни обуки за качување во мраз и високогорство;