ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Грција Хотели - Препорака

Грција Хотели - Останато

Грција Апартмани

Коста Брава - Лето 2017

Хрватска - Лето 2017

Малта - Лето 2017

Анталија - Лето 2017

Мај аранжмани

Концерти

City Break

Wellness & SPA

Егзотични патувања

Авантуристички тури

Едукативен Туризам

Шопинг тури

Крстарења

Хотели Online Грција

Хотели Online

Рент-а-кар Online

Авионски билети

VISIT MACEDONIA

NEWSLETTER

Качување по карпа

Качување по карпа
   
ПЕТ ДЕНА РОК ТРИП

Пет дневната “rock trip” тура низ Македонија вклучува искачувања во четири различни алпинистички локалитети, во различен амбиент и на различни по состав карпи.

Ден 1
Качување на Матка. Првиот ден ќе качуваме долги насоки со помала тежина, како и кратки спортски насоки. После качувањето уживаме во традиционална македонска храна во Манастирот Свети Никола.

Ден 2
И вториот ден е предвиден за качување на Матка. Во овој ден ќе качуваме долги насоки со поголема тежина и неколку кратки спортски насоки. По завршување на качувањето ручаме, а потоа одиме на прошетка со чамец по езерото Матка.

Ден 3
Качување во алпинистичкиот локалитет Плоча, сместен на половина пат помеѓу Штип и Радовиш. Ќе качуваме долги насоки со различна тежина кои се максимално безбедно опремени со осигурување “in situ”. Вечерта одиме на штипско – радовишка пастрмајлија.

Ден 4
Четвртиот ден е предвиден за качување на карпите на Демир Капија. Овде ќе качуваме главно долги насоки во фантастичен варовник и ќе уживаме во прекрасни панорами над реката Вардар. Попладнето ќе уживаме во локалните кулинарски специјалитети и во познатото Демиркапијско вино.

Ден 5
Качување во “незаобиколниот“ туристичко – качувачки центар Камена Баба покрај Прилеп. Качуваме болдер проблеми – насоки и кратки спортски насоки. После качувањето одиме да уживаме во надалеку познатата прилепска традиционална кујна.