ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Октомвриска понуда

Зима 2017/2018

Грција Хотели - Останато

Грција Апартмани

Анталија - Лето 2017

Концерти

City Break

Wellness & SPA

Егзотични патувања

Авантуристички тури

Едукативен Туризам

Шопинг тури

Крстарења

Хотели Online Грција

Хотели Online

Рент-а-кар Online

Авионски билети

VISIT MACEDONIA

NEWSLETTER

Турно скијање

Турно скијање
   
Во последниве години турното скијање станува еден од најпопуларните зимски спортови. Со напредокот на опремата и техниката за слободно (free ride) скијање неговата популарност значително се зголеми. Ваквиот тренд е присутен и во Македонија, каде што во минатото оваа зимско – спортска и рекреативна содржина не беше многу застапена помеѓу планинарите и скијачите.

Македонските планини нудат одлични услови за турно скијање, за еднодневни и повеќедневни траверси со турно скии и за комбинирани турно скијачки + free ride тури.

Нашата понуда во овој сегмент опфаќа широк спектар на услуги од лесни неколкучасовни тури, па се до повеќедневни траверси, како што е пречењето на така наречената Шарпланинска трансверзала, од врвот Љуботен до Титов Врв или до Кораб.

Покрај горе наведените услуги даваме и часови за скијање за почетници и напредни скијачи.

Бројот на ангажирани водачи во турата, зависно од нејзината тежина и нивото на подготвеност на клиентите, се движи од 1 : 4 до 1 : 8 клиенти.

Бројот на инструкторите за часови по скијање се движи од 1 : 1 до 1 : 6.

Нашите водачи се членови на меѓународната организација на професионални водичи во планина UIMLA – Union of International Mountain Leaders Associations со завршена обука според IML – International mountain leader стандардот.

Водачите во нашата компанија се пионери на современото турно и free ride скијањето во Македонија.