ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Грција Хотели - Препорака

Грција Хотели - Останато

Грција Апартмани

Коста Брава - Лето 2017

Хрватска - Лето 2017

Малта - Лето 2017

Анталија - Лето 2017

Мај аранжмани

Концерти

City Break

Wellness & SPA

Егзотични патувања

Авантуристички тури

Едукативен Туризам

Шопинг тури

Крстарења

Хотели Online Грција

Хотели Online

Рент-а-кар Online

Авионски билети

VISIT MACEDONIA

NEWSLETTER

Планинарски велосипедизам

Планинарски велосипедизам
   
Скопје - DH, down hill тура на Водно

Еднодневно уживање за вљубениците во down hill возењето. Турата започнува од пред клиничкиот центар во Скопје и по асфалтен пат се стигнува до врвот на Водно (1068 метри). Од тука започнува првото DH спуштање преку седлото над селото Нерези и детското одморалиште до Средно Водно, односно до почетната станица на гондолската жичара. Наредните три возења нагоре се со жичарата, а спуштањата се по различни single track патеки. Вкупно се изведуваат четири DH спуштања.

 

♦ Времетраење на турата:  6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 30 км

♦ Висинска разлика со возење: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:    ☆ ☆

♦ Културно историски локалитети:     ☆


Скопје - AM, all mountain тура на Водно

Еднодневна комбинирана (all mountain) тура на планината Водно. Возењето започнува од пред клиничкиот центар во Скопје и по асфалтен пат се стигнува до врвот на Водно (1068 метри). Од врвот се движиме во правец кон Матка и селото Света Петка по комбинирана single/double track патека. Од селото Света Петка излегуваме на асфалтниот пат до селото Соње, а од тука по широк земјен пат повторно се искачуваме кон сртот на Водно. Спуштањето надолу е комбинирано по single/double track патеки и асфалт до населбата Капиштец во Скопје.

 

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 40 км

♦ Висинска разлика: 1450 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:    ☆ ☆

♦ Културно историски локалитети:     ☆


Скопје - AM, all mountain тура на Скопска Црна Гора

Еднодневно МТВ доживување на Скопска Црна Гора, исполнето со адреналин, фантастични пејсажи, интересен биодиверзитет и посета на Манастирот Свети Архангаел Михаил. Турата започнува од населбата Радишани. Од технички аспект станува збор за тура од комбиниран тип. Возењето нагоре до врвот Рамно (1528 метри), што се наоѓа веднаш над истоимениот превој е комбинирано, по асфалт и земјен пат. Од врвот започнува спуштање по комбинирана single/double track патека се до Манастирот Свети Архангаел Михаил, од каде што се враќаме назад кон Радишани по асфалтен пат.

 

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 40 км

♦ Висинска разлика: 1500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:      


Скопје - XC, cross country тура до планинарскиот дом Караџица

Cross country турата за љубителите на спортски предизвици. Турата вообичаено ја започнуваме од населбата Драчево. На почетокот возиме по асфалтен пат преку селата Долно и Горно Количани, потоа Црвена Вода, до месноста Преслап од каде што се спуштаме по земјен пат до Кадина река, а потоа се искачуваме кон селото Алдинци и планинарскиот дом Караџица поставен на надморска височина од 1450 метри.

 

♦ Времетраење на турата:  7 до 10 часа.

♦ Тежина на турата:     ☆

♦ Должина на турата: 80 км

♦ Висинска разлика: 1200 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:     ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      ☆

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:    ☆ ☆


Планинарски велосипедизам
   
Шар Планина, XC - cross country тура

Дводневна cross country тура на низ најубавите предели на Шар Планина.

Ден 1

Првиот ден се вози кружна тура околу ски центарот Попова Шапка. Турата се состои од три дела. Првиот дел започнува од Попова Шапка и се вози по широк земјен пат до Долна Лешница, а од таму до селото Бозовце. Вториот дел, од селото Бозовце до главниот пат што води од Тетово за Попова Шапка, се вози по локален асфалтен пат, главно во симнување. Третиот дел е по асфалтниот пат за Попова Шапка, целосно во качување. Ноќевање на Попова Шапка.

 

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 50 км

♦ Висинска разлика: 2000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:   ☆ ☆ ☆



Ден 2

Тура од Попова Шапка по патот на каналот “Шарски Води“ до селото Долно Јеловце. Возењето е по широк земјен пат. По пристигнувањето во Долно Јеловце ручаме во ресторанот Манастир.

 

♦ Времетраење на турата:  7 до 10 часа.

♦ Тежина на турата:     ☆

♦ Должина на турата: 70 км

♦ Висинска разлика: 2000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:     ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:    ☆ ☆


Шар Планина и НП Маврово, XC - cross country тура

Трансверзална дводневна cross country тура на Шар Планина и Бистра во Националниот Парк Маврово. Турата започнува од ски центарот Попова Шапка, а завршува во селото Лазорополе во НП Маврово.

Ден 1

Возењето почнува од ски центарот попова шапка и се вози по широк земјен пат кој во најголем дел се протега вдолж каналот “Шарски Води“. За време на возењето имаме организиран пикник. Крајна точка на возењето е Гостиварското село Здуње, од каде што се транспортираме со комбе за Маврово. Ноќеваме во Маврово.

 

♦ Времетраење на турата:  7 до 10 часа.

♦ Тежина на турата:     ☆

♦ Должина на турата: 70 км

♦ Висинска разлика: 2000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:     ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:    ☆ ☆



Ден 2

Турата започнува од Маврово и се движиме по патот за Галичник до месноста Царевец на 1700 метри надморска височина, каде што се одвојуваме од асфалтот и возењето продолжува по тампониран земјен пат при што се минува покрај ски центарот, локалитетите Черкезица, Соломуница, Ќирилевец и Маскаревец, после што пристигнуваме во селото Лазорополе каде што правиме кратка пауза. Од Лазорополе продолжуваме кон локалитетот Бошков Мост каде што не чека комбето со приколката за велосипедите. Пред крајот на турата ќе биде посетен споменикот Елен Скок. По завршување на турата одиме на ручек во село Жировница.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 55 км

♦ Висинска разлика: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     


НП Маврово, AM - all mountain тура

Дводневна AM (all mountain) тура во Нациналниот Парк Маврово. Првиот ден се вози во регионот на Мавровската котлина, покрај езерото и на планината Бистра, а вториот ден се вози од Маврово до Лазорополе.

Ден 1

Возењето започнува од село Маврово по асфалтниот пат за селото Леуново, каде што го напуштаме асфалтот и по широк земјен пат се искачуваме на падините на планината Бистра. Од месноста Чавкарник, каде што се наоѓа истоименото бачило се спуштаме кон Маврово по single track патека.
 

♦ Времетраење на турата:  3 до 5 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 25 км

♦ Висинска разлика: 500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     



Ден 2

Турата започнува од Маврово и се движиме по патот за Галичник до месноста Царевец на 1700 метри надморска височина, каде што се одвојуваме од асфалтот и возењето продолжува по тампониран и земјен пат при што се минува покрај ски центарот, локалитетите Черкезица, Соломуница, Ќирилевец и Маскаревец, после што пристигнуваме во селото Лазорополе. Правиме кратка пауза. Од Лазорополе продолжуваме кон локалитетот Бошков Мост каде што не чека комбето и приколката за велосипедите. Пред крајот на турата ќе биде посетен споменикот Елен Скок. По завршување на турата одиме на ручек во село Жировница.
 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 55 км

♦ Висинска разлика: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 


НП Маврово и Галичица, АМ - all mountain тура

Дводневна АМ – all mountain тура низ Националните Паркови Маврово и Галичица. Возењето е по широк земјен пат со фантастични панорами и ендемичен биодиверзитет.

Ден 1

Првиот ден возиме од Маврово до Лазорополе. Турата започнува од Маврово и се движиме по патот за Галичник до месноста Царевец на 1700 метри надморска височина, каде што се одвојуваме од асфалтот и возењето продолжува по тампониран и земјен пат при што се минува покрај ски центарот, локалитетите Черкезица, Соломуница, Ќирилевец и Маскаревец, после што пристигнуваме во селото Лазорополе. Пред Лазорополе имаме краток пикник. Од Лазорополе продолжуваме кон локалитетот Бошков Мост каде што не чека комбето и приколката за велосипедите. Трансфер за Охрид. Ноќевање во Охрид.

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 55 км

♦ Висинска разлика: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     



Ден 2

Вториот ден возиме во Националниот Парк Галичица. Турата започнува од Охрид, по асфалтниот пат за селото Велестово, каде што се префрламе на широк земјен пат кој не води до превојот Крстец и висоравнините Џафа и Асанџура. Од местото на некогашниот ски центар се приклучуваме на асфалтен пат до излетничкото место Корита, а од Корита по комбинирана single/double track патека возиме надолу до селото Елшани. Ручаме во Елшани. Вечерта имаме кратка прошетка низ Охрид и трансфер за Скопје.

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 


Планинарски велосипедизам
   
Три национални паркови во три дена, XC - cross country тура

Најдобрите cross country тури во македонските национални паркови кои се одликуваат со умерени тежини. Возењето го започнуваме во Националниот Парк Маврово, после што следува Националниот Парк Галичица и завршуваме во Националниот Парк Пелистер.

Ден 1 – НП Маврово

Возиме од село Маврово по асфалтниот пат до селото Леуново, каде што го напуштаме асфалтот и по широк земјен пат се искачуваме на падините на планината Бистра се до месноста Царевец, каде што се префрламе на асфалтен пат и по него возиме до пред селото Галичник. Пред фудбалското игралиште во Галичник го напуштаме асфалтот и по земјен пат возиме за селото Селце, а од таму до локалитетот Бошков Мост повторно по асфалт, каде што не чека комбето. Следува трансфер за Охрид.

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 40 км

♦ Висинска разлика: 600 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     



Ден 2 – НП Галичица

Првиот ден возиме во Националниот Парк Галичица. Турата започнува од Охрид, по асфалтниот пат за селото Велестово, каде што се префрламе на широк земјен пат кој не води до превојот Крстец и висоравнините Џафа и Асанџура. Од местото на некогашниот ски центар се приклучуваме на асфалтен пат до месноста Липова Ливада, каде што имаме пикник во планинската куќа на клубот Магаро од Охрид. По ручекот заминуваме за Националниот Парк Пелистер каде што ноќеваме.

♦ Времетраење на турата:  3 до 5 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 25 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:    ☆ ☆

 



Ден 3 – НП Пелистер

Возењето започнува од пред инфо центарот на Националниот Парк Пелистер по широк земјен пат кој не води до врвот на планината на 2600 метри. Од таму се спуштаме покрај двете глацијални езера – Големо и Мало Пелистерско Езеро. Турата ја завршуваме во селото Велушина во близина на Битола.

♦ Времетраење на турата:  6 до 8 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 1800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 


Пет дена во Македонските национални паркови, AM - all mountain тура

Пет дневна тура низ националните паркови во Македонија. По два дена возиме и престојуваме во националните паркови Маврово и Галичица и еден ден во паркот Пелистер. Турите се доминантно cross country со елементи на all mountain возење.

Ден 1 – НП Маврово

Овој ден возиме кружна тура околу селото Врбен. Турата започнува од Маврови Анови по асфалтниот пат до селото Врбен, од каде што го продолжуваме возењето по широк земјен пат, искачувајки се на ридовите Јамбол (1766 метри), Мала Планина (1798 метри) и Кожа (1743 метри). Од врвот на ридот Кожа се спуштаме во селото Врбен по single track патека, а потоа по афалтен пат се враќаме во хотелот.

 

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 900 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     



Ден 2 – НП Маврово

Возењето започнува од село Маврово по асфалтниот пат за селото Леуново, каде што го напуштаме асфалтот и по широк земјен пат се искачуваме на падините на планината Бистра. Од месноста Чавкарник, каде што се наоѓа истоименото бачило се спуштаме кон Маврово по single track патека. Ручаме во Маврово и заминуваме за Охрид.

 

♦ Времетраење на турата:  3 до 5 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 25 км

♦ Висинска разлика: 500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:     ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 3

Третиот ден возиме во Националниот Парк Галичица. Турата започнува од Охрид, по асфалтниот пат за селото Велестово, каде што се префрламе на широк земјен пат кој не води до превојот Крстец и висоравнините Џафа и Асанџура. Од местото на некогашниот ски центар се приклучуваме на асфалтен пат до излетничкото место Корита, а од Корита по комбинирана single/double track патека возиме надолу до селото Елшани. Ручаме во Елшани. Вечерта имаме кратка прошетка низ Охрид.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 4

Четвртиот ден повторно возиме во Националниот Парк Галичица, меѓутоа на северната страна од планината. Турата започнува од селото Велестово над Охрид и преку превојот Крстец се искачуваме на висоравнината Џафа. Од тука се движиме на север кон изворите Летница, а потоа кон селото Скребатно, каде што ручаме. После ручекот заминуваме за Битола и Националниот Парк Пелистер.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 30 км

♦ Висинска разлика: 900 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 5 – НП Пелистер

Возењето го започнуваме од пред инфо центарот на Националниот Парк Пелистер по широк земјен пат кој не води до врвот на планината на 2600 метри. Од таму се спуштаме покрај двете глацијални езера – Големо и Мало Пелистерско Езеро. Турата ја завршуваме во селото Велушина во близина на Битола.

♦ Времетраење на турата:  6 до 8 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 1800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 

Најдоброто од Македонија, XC - cross country тура

Најдоброто cross country доживување во Македонија. Да ја запознаеме земјата со планински велосипед во пет дена. Ќе возиме низ најубавите планински локалитети, вклучувајки ги и трите национални паркови.

Ден 1 – Шар Планина

Започнуваме со кружна тура околу ски центарот Попова Шапка. Турата се состои од три дела. Првиот дел започнува од Попова Шапка и се вози по широк земјен пат до Долна Лешница, а од таму до селото Бозовце. Вториот дел, од селото Бозовце до главниот пат што води од Тетово за Попова Шапка, се вози по локален асфалтен пат, главно во симнување. Третиот дел е по асфалтниот пат за Попова Шапка, целосно во качување. Ноќевање на Попова Шапка.

 

♦ Времетраење на турата:  4 до 6 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 50 км

♦ Висинска разлика: 2000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:   ☆ ☆ ☆



Ден 2 – НП Маврово

Денес возиме од Маврово до Лазорополе. Турата започнува од Маврово и се движиме по патот за Галичник до месноста Царевец на 1700 метри надморска височина, каде што се одвојуваме од асфалтот и возењето продолжува по тампониран и земјен пат при што се минува покрај ски центарот, локалитетите Черкезица, Соломуница, Ќирилевец и Маскаревец, после што пристигнуваме во селото Лазорополе. Пред Лазорополе имаме краток пикник. Од Лазорополе продолжуваме кон локалитетот Бошков Мост каде што не чека комбето и приколката за велосипедите. Трансфер за Охрид. Ноќевање во Охрид.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 55 км

♦ Висинска разлика: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 3 – НП Галичица

Третиот ден се запознаваме со Националниот Парк Галичица, меѓутоа на северната страна од планината. Турата започнува од селото Велестово над Охрид и преку превојот Крстец се искачуваме на висоравнината Џафа. Од тука се движиме на север кон изворите Летница, а потоа кон селото Скребатно, каде што ручаме. После ручекот заминуваме за Битола и Националниот Парк Пелистер.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 30 км

♦ Висинска разлика: 900 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 4 – НП Пелистер

Четвртиот ден сме во Националниот Парк Пелистер. Започнуваме од пред инфо центарот на Националниот Парк Пелистер по широк земјен пат кој не води до врвот на планината на 2600 метри. Од таму се спуштаме покрај двете глацијални езера – Големо и Мало Пелистерско Езеро. Турата ја завршуваме во селото Велушина во близина на Битола. Заминуваме за планинскиот центар Пониква каде што ќе ноќеваме.

♦ Времетраење на турата:  6 до 8 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 45 км

♦ Висинска разлика: 1800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:    ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 



Ден 5 – Осоговска Планина

Петиот ден ја запознаваме Осоговска Планина. Започнуваме од Пониква (1560 метри), се искачуваме на Царев Врв ( 2076 метри), од каде што се спуштаме кон месноста Калин Камен (1500 метри), а потоа во Манастирот Свети Јоаким Осоговски (850 метри) каде што ручаме. После ручекот заминуваме за Скопје.

 

♦ Времетраење на турата:  5 до 7 часа.

♦ Тежина на турата:    ☆ ☆

♦ Должина на турата: 36 км

♦ Висинска разлика: 800 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:    ☆ ☆

♦ Потребни технички вештини:   ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети: