Планинарски тури

Еднодневни
Планинарски тури
   
Скопје - од Водно до кањонот Матка

Хајкинг тура од главниот град на Македонија – Скопје, преку планината Водно до кањонот Матка, едно од најживописните места во Македонија. Тежината на турата може да се прилагоди според можностите на клиентите со користење на гондолската жичара до врвот на Водно.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 3 до 5 часа

♦ Должина на турата: 18 км

♦ Висинска разлика: 900 метри (опција со гондола 400 метри)

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 


Скопје - искачување на врвот Пржар на Скопска Црна Гора

Хајкинг на најубавата планина во близината на Скопје. Турата започнува од селото Побожје или некаде во негова близина, зависно од желбата на клиентите и се искачува на сртот на планината до врвот Пржар висок 1626 метри. Симнувањето од врвот е по друга патека преку селото Бродец, каде што обично организираме ручек.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 4 до 7 часа

♦ Должина на турата: 15 км

♦ Висинска разлика: 1000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Маврово - лесна тура на планината Бистра

Лесен хајкинг низ прекрасните предели на планината Бистра. Турата започнува на надморска височина од 1650 метри, кај месноста Царевец и преку висорамнината Тонивода завршува кај месноста Фрчец. Движењето е на отворен простор, по мека подлога и прекрасни пејсажи и панорами.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 2 до 3 часа

♦ Должина на турата: 5 км

♦ Висинска разлика: 250 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ 


Национален Парк Маврово - посета на водопадот Дуф

Ова е една од најфрекфентите тури во националниот парк Маврово. Започнува од селото Ростуша и води до водопадот Дуф на Ростушка Река, за кој може слободно да се каже дека е вистинско ремек дело на природата. Најголемиот дел од турата е во кањонот Дуф Дол низ уникатни предели.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 1 до 3 часа

♦ Должина на турата: 3 км

♦ Висинска разлика: 200 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


НП Маврово - искачување на врвот Соколица над селото Лазорополе

Лесна тура до едно од многуте митолошки места во националниот парк Маврово за кое што се врзани многу легенди. Движењето е низ прекрасни предели, а од врвот Соколица (1471 метар) се пружаат неповторливи глетки. Турата започнува од селото Лазорополе на 1300 метри.

 

♦ Тежина на турата:  ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 2 часа

♦ Должина на турата: 4 км

♦ Висинска разлика: 140 метри

♦ Потребна физичка подготвеност:  ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

♦ Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Галичица - искачување на Елен Врв

Лесен хајкинг низ прекрасна природа и неповторливи панорами над Охридското Езеро. Искачувањето започнува од селото Велестово, одалечено 6 километри од центарот на Охрид и завршува на Елен Врв висок 1221 метар. Турата минува низ места со уникатен биодиверзитет, богата историја и фантастични предели.
 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 2 до 3 часа

♦ Должина на турата: 8 км

♦ Висинска разлика: 300 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     ☆

 


Национален Парк Пелистер - прошетка по историска и едукативна патека

Турата вообичаено започнува од пред Хотелот Молика на околу 1300 метри. Првиот дел од турата се протега по некогашната воена патека од првата светска војна вдолж која се поставени голем број информативни панели и макети на автентични објекти од времето на војната. Вториот дел се минува по едукативна патека вдолж која има голем број на информативни панели за биодиверзитетот во националниот парк Пелистер.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 2 до 3 часа

♦ Должина на турата: 6 км

♦ Висинска разлика во симнување: 300 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      ☆

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:      


Планинарски тури
   
Скопје - искачување на Остри Врв, Јакупица

Еднодневна тура од селото Патишка Река, одалечено 40 километри од Скопје. Целта е Остри Врв висок 2275 метри. Првиот дел од турата минува низ шумскиот појас богат со ендемичен биодиверзитет, а вториот дел е во зоната на пасишта од каде што се пружаат прекрасни панорами.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 7 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:   ☆ ☆ ☆


Шар Планина - искачување на врвот Љуботен

Една од најпопуларните еднодневни тури во Македонија која што “мора да се направи“. Искачувањето вообичаено започнува над Старо Село, минува покрај планинската куќа Љуботен и завршува на врвот Љуботен. Симнувањето може да биде по истата патека или да се траверсира врвот по југозападниот гребен и преку локалитетот Козја Стена да се вратиме назад во планинската куќа, каде што ручаме. Зависно од можностите и желбите на клиентите, должината на турата може да се скрати со користење на возило за пристап до планинската куќа.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 20 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     ☆


Национален Парк Пелистер - искачување до Големо Езеро

Турата започнува од викенд населбата Нижо Поле, а завршува кај глацијалното езеро – Големо Езеро, на надморска височина од 2218 метри. Движењето е низ уникатни предели со ендемичен биодиверзитет и прекрасни панорами. Големо Езеро е едно од најпознатите глацијални езера во Македонија, а тоа е причина повеќе да се мине оваа тура. Турата може да се искреира и како дводневна, при што првиот ден се искачуваме до Големо Езеро и ноќеваме во планинарскиот дом, а вториот ден се искачуваме до највискиот врв во националниот парк Пелистер – Димев Врв, висок 2601 метар.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 7 до 9 часа

♦ Должина на турата: 12 км

♦ Висинска разлика: 1000 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     ☆


Шар Планина - тура од селото Долно Јеловце до Рамен Камен

Прекрасна тура низ живописни предели богати со биодиверзитет, историја и легенди. Искачувањето започнува од селото Долно Јеловце, а завршува кај локалитетот Рамен Камен на надморска височина од 1860 метри. По завршување на турата одиме на традиционален ручек во автентичниот ресторан Манастир во селото Долно Јеловце.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 3 до 5 часа

♦ Должина на турата: 14 км

♦ Висинска разлика: 750 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:    ☆ ☆


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Сандакташ

Стара патека која што претставува дел од културното наследство на националниот парк Маврово бидејки за неа се врзани многу обичаи, настани и легенди кои потекнуваат од културната традиција на локалното население. Патеката започнува од центарот на селото Ниќифорово и минува покрај местото Петти леб, каде што се наоѓа истоимениот извор со една од најубавите води за пиење во паркот. Од таму се продолжува кон врвот Сандакташ висок 1981 метри. Првиот дел на патеката, е во шума, а вториот дел, од изворот кон врвот Сандакташ е во зоната на пасишта каде има можност за уживање во убави пејсажи и панорами.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 8 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 720 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     ☆


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Меденица

Меденица – 2163 метри, е највисок врв на планината Бистра, меѓутоа тоа не е единствена причина зошто треба да се помине оваа тура. Атракции има многу и тие мора да се доживеат, а ние ќе напоменеме само дека движењето е низ уникатни предели, неповторливи пејсажи и панорами, ендемичен биодиверзитет и места за кои се врзуваат многу легенди. Вообичаено турата ја започнуваме од месноста Корита на 1580 метри, а завршуваме во селото Галичник со традиционален ручек во домашна атмосфера.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 4 до 6 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 600 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     ☆

♦ Културно историски локалитети:      


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Плоча на Дешат

Ова е еднодневен хајкинг низ најубавите планински предели во Македонија. Искачувањето започнува од живописното село Жировница, богато со автентична култура и архитектура, а завршува на врвот Жировничка Плоча (Високо Брдо) висок 2245 метри. По завршување на турата имаме традиционален ручек во домашен амбиент во Жировница и кратка прошетка низ селото.

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 7 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 


Национален Парк Маврово - искачување на Веливар на Дешат

Уште една од турите во националниот парк Маврово што мора да се помине. Искачувањето започнува од селото Требиште и минува покрај глацијалното езеро Локуф, богато со ендемичен биодиверзитет и завршува на врвот Веливар висок 2373 метри. После турата одиме на традиционален ручек во Требиште.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 7 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     ☆

 


Национален Парк Галичица - искачување на врвот Магаро

Една од најпопуларните тури во Македонија и сигурно тура која мора да се помине доколку се најдете во Охрид. Вообичаено турата започнува од планинската куќа на планинарскиот клуб Магаро од Охрид, кај месноста Липова Ливада, и минува низ предели со ендемичен биодиверзитет, многу историски локалитети, а од врвот Магаро висок 2245 метри се пружаат одлични панорами над двете најголеми езера во Македонија – Охридското и Преспанското Езеро. По завршување на турата организираме пикник во планинската куќа.

 

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 3 до 5 часа

♦ Должина на турата: 12 км           

♦ Висинска разлика: 700 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 


Национален Парк Галичица - искачување на врвот Лакосигној

Доколку сакате да уживате во отворен простор и бескрајни панорами над Охридското и Преспанското Езеро, тогаш треба да ја минете турата до врвот Лакосигној висок 1984 метри и да ги слушнете легендите за името на врвот, за скриеното богатство, за францускиот коњак и за битките од првата светска војна. По завршување на турата организираме пикник во планинската куќа на клубот Магаро сместена во близина на стартната точка.
 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 3 до 5 часа

♦ Должина на турата: 11 км

♦ Висинска разлика: 400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 

 


Планинарски тури
   
Национален Парк Маврово - Траверс од село Беличица преку врвот Меденица до село Галичник

Уште еден сериозен планинарски предизвик во националниот парк Маврово. Турата започнува од селото Беличица, минува покрај глацијалните езера – Горно и Долно Сенечко Езеро, се искачува највисокиот врв на Бистра – Меденица висок 2163 метри и завршува во селото Галичник со традиционален ручек и прошетка низ најпознатото македонско село.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 9 часа

♦ Должина на турата: 18 км

♦ Висинска разлика: 1200 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:      


Национален Парк Галичица - Траверс по гребенот на планината Галичица

Доколку сакате да пробате вистински спортски предизвик, а при тоа да уживате во фантастични панорами, ви ја препорачуваме оваа тура. Се минува низ предели со ендемичен биодиверзитет, историски локалитети, а ќе доживеете и добра доза на адреналин. Турата ја започнуваме на превојот Липова Ливада на 1600 метри, а завршуваме во селото Велестово со пикник.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 8 часа

♦ Должина на турата: 11 км

♦ Висинска разлика: 500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:      


Национален Парк Пелистер - Искачување на Димев Врв

Една од најпопуларните тури во Македонија. Може да се изведе како еднодневна тура или како дводневен траверс на планината со посета на двете глацијални езера – Големо и Мало Пелистерско Езеро. Вообичаено турата започнува од пред хотелот Молика на околу 1300 метри, а на Димев Врв, висок 2601 метар, се стигнува за 4 до 5 часа. Турата изобилува со панорами, пејсажни предели, историски локации и ендемичен биодиверзитет.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 9 часа

♦ Должина на турата: 18 км

♦ Висинска разлика: 1150 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     


Национален Парк Маврово - искачување на највисокиот врв во Македонија, Кораб

Дефинитивно најпопуларната хајкинг тура во Македонија. За тоа има многу причини. Најважна секако е тоа дека станува збор за искачување на највисокиот врв во Македонија, меѓутоа тоа не е единствената причина за да се мине оваа тура. Движењето е низ најубавите планински локалитети во Македонија, со фантастични панорами и пејсажи и богат биодиверзитет. Во поголемиот дел од турата го чувствуваме мирисот на медитеранот. Пристапот до почетната точка на хајкингот е низ живописниот кањон на Горниот ракав на реката Радика. По завршување на турата одиме на традиционален ручек во Маврово, а постои опција и за посета на познатиот Бигорски Манастир посветен на светителот Јован Крстител.

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 19 км

♦ Висинска разлика: 1500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:      

 


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Крчин

Еднодневна тура за искачување на највисокиот врв на планината Крчин – Голем Крчин, висок 2341 метар. Една од турите во Националниот Парк Маврово која вреди да се мине. Се карактеризира со богат биодиверзитет, мека подлога за движење и фантастични панорами. Вообичаено турата ја започнуваме над селото Битуше на надморска височина од 1140 метри. Враќањето може да биде во Битуше или пак по друга патека во селото Ростуша. После турата одиме на ручек во Ростуша.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 1500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 


Национален Парк Маврово - траверс од село Битуше преку врвот Крчин до село Скудриње

Сериозен планинарски предизвик кој овозможува движење низ еден од најубавите предели на паркот. Турата започнува од селото Битуше а завршува во селото Скудриње. Во горниот дел се протега по највисоките делови на планината Крчин, при што се искачуваме и на врвот Голем Крчин (2341 м). Движењето е по многу убава патека, богата со пејсажи, панорамски места и прекрасни природни и рељефни форми. Во долните делови е поставена во шума, а од 1700 метри и повисоко во зоната на пасишта. Одлична тура за тие што сакаат да се пробаат во сериозен планинарски предизвик и да уживаат во прекрасен природен амбиент.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 9 часа

♦ Должина на турата: 27 км

♦ Висинска разлика: 1790 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:      

 


Национален Парк Маврово - Траверс од село Беличица преку врвот Меденица до село Галичник

Уште еден сериозен планинарски предизвик во националниот парк Маврово. Турата започнува од селото Беличица, минува покрај глацијалните езера – Горно и Долно Сенечко Езеро, се искачува највисокиот врв на Бистра – Меденица висок 2163 метри и завршува во селото Галичник со традиционален ручек и прошетка низ најпознатото македонско село.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 5 до 9 часа

♦ Должина на турата: 18 км

♦ Висинска разлика: 1200 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:      

 


Национален Парк Галичица - Траверс по гребенот на планината Галичица

Доколку сакате да пробате вистински спортски предизвик, а при тоа да уживате во фантастични панорами, ви ја препорачуваме оваа тура. Се минува низ предели со ендемичен биодиверзитет, историски локалитети, а ќе доживеете и добра доза на адреналин. Турата ја започнуваме на превојот Липова Ливада на 1600 метри, а завршуваме во селото Велестово со пикник.

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 8 часа

♦ Должина на турата: 11 км

♦ Висинска разлика: 500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:      

 


Скопје - искачување на врвот Убава, Јакупица

Еднодневна тура што започнува од селото Патишка Река, одалечено 40 километри од Скопје, а највисока точка е врвот Убава висок 2353 метри. На почетокот турата минува низ шумскиот појас, а вториот дел е во зоната на пасишта од каде што се пружаат прекрасни панорами.
 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 18 км                

♦ Висинска разлика: 1400 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:     

 

 


Шар Планина - искачување на Титов Врв

Титов Врв на Шар Планина и врвот Кораб во Националниот Парк Маврово се најпопуларните врвови во Македонија. Титов Врв е симбол на македонските планинари. Турата ја започнуваме од ски центарот Попова Шапка, се движиме покрај месноста Вакуф, со траверс го заобиколуваме врвот Бакардан и се искачуваме на Титов Врв висок 2747 метри. Се враќаме по истиот пат. По завршувањето на турата одиме на традиционален ручек на Попова Шапка.  

 

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 20 км

♦ Висинска разлика: 1200 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети:     

 

 


Национален Парк Маврово - искачување на највисокиот врв во Македонија, Кораб

Дефинитивно најпопуларната хајкинг тура во Македонија. За тоа има многу причини. Најважна секако е тоа дека станува збор за искачување на највисокиот врв во Македонија, меѓутоа тоа не е единствената причина за да се мине оваа тура. Движењето е низ најубавите планински локалитети во Македонија, со фантастични панорами и пејсажи и богат биодиверзитет. Во поголемиот дел од турата го чувствуваме мирисот на медитеранот. Пристапот до почетната точка на хајкингот е низ живописниот кањон на Горниот ракав на реката Радика. По завршување на турата одиме на традиционален ручек во Маврово, а постои опција и за посета на познатиот Бигорски Манастир посветен на светителот Јован Крстител.  

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 19 км

♦ Висинска разлика: 1500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:      

♦ Биодиверзитет:      

♦ Културно историски локалитети:      

 

 


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Крчин

Еднодневна тура за искачување на највисокиот врв на планината Крчин – Голем Крчин, висок 2341 метар. Една од турите во Националниот Парк Маврово која вреди да се мине. Се карактеризира со богат биодиверзитет, мека подлога за движење и фантастични панорами. Вообичаено турата ја започнуваме над селото Битуше на надморска височина од 1140 метри. Враќањето може да биде во Битуше или пак по друга патека во селото Ростуша. После турата одиме на ручек во Ростуша.  

♦ Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

♦ Времетраење на турата: 6 до 9 часа

♦ Должина на турата: 16 км

♦ Висинска разлика: 1500 метри

♦ Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆  

♦ Панорами и пејсажи:       

♦ Биодиверзитет:     

♦ Културно историски локалитети: